Македонски репрезентативец избран за најкорисен кошаркар во Германија!

Американецот во македонската кошаркарска репрезентација, Ти-Џеј Шортс е прогласен за МВП во првенството на Германија.

Големо признание за кошаркарот на репрезентацијата на Македонија, Ти-Џеј Шортс e најкористен играч во германската лига.

Ти-Џеј Шортс убедливо победи во гласањето, со дури 88 проценти од гласовите, а гласаа новинари, тренери и капитени од екипите во германската лига.

Кошаркарот на Телеком Баскетс Бон има просек од 18 поени и речиси осум асистенции по натпревар.