Македонски репрезентативец е кошаркар на сезоната во Лигата на шампионите!

Уште едно големо признание сезонава за македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, прогласен е за МВП во Лигата на шампионите.

Откако претходно ја доби наградата за најкорисен играч во германското првенство, Ти-Џеј Шортс сега доби уште поголемо признание.

Македонскиот репрезентативец е прогласен за МВП на сезоната во кошаркарската Лига на шампиони.

Ти-Џеј Шортс оваа сезона во Лигата на шампионите има просек од 18,9 поени, 3,8 скокови и 7,1 асистенција по натпревар.

Тој синоќа со 21 поен беше најзаслужен за победата на Телеком Баскетс Бон против Уникаха Малага со која германскиот тим се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.