
Швед бил претепан од разочарани обложувачи кои изгубиле многу пари на ЦСКА!
Еден од најдобрите руски кошаркари беше жртва на гневни хулигани кои го претепаа по пораз на ЦСКА Москва. Швед за првпат по инцидентот излезе со изјава за медиумите и објасни што точно се случило.
„Тие момци се обложиле на ЦСКА Москва, вложиле големи пари и ги изгубиле. После тоа нѐ видоа мене и мојата сопруга во ресторан, нѐ опколија, почнаа да нѐ навредуваат, по што нѐ извадија надвор од ресторанот и физички нѐ нападнаа“, открива Швед.
„Не сакав да се тепам со нив. Ѝ реков на сопругата да си одиме, но потоа ме опколија и почнаа со нозе да ме удираат во нозете, главата, по грбот. Паднав, не ни видов кој сѐ ме тепаше и завршив во болница. Повредите беа многу тешки, но сега е подобро, добро се опоравувам“.