Сака светска титула: Дончиќ тренира пеколно во стилот на - Роки Балбоа (ВИДЕО)

Предвремениот крај на сезоната без пласман во плејофот беше разочарувачки за навивачите на Далас маверикс, но истовремено и голем подарок за фановите на репрезентацијата на Словенија, кои се израдуваа на фактот што нивната најголема ѕвезда, Лука Дончиќ, ќе има доволно време добро да се подготви за претстојниот Мундобаскет во Филипини, Јапонија и Индонезија (25 август-10 септември).

Еден од најдобрите европски кошаркари веќе е во својата родна земја, каде што самостојно работи на подобрување на физичката спрема во пресрет на заедничките подготовки со репрезентативните колеги. Колку Дончиќ е сериозен во ова покажува и видео објавено на социјалните мрежи, на кое се гледа како тренира пеколку трчајќи по скалу во стилот на боксерот Роки Балбоа во култниот филмски серијал „Роки“.

Словенците се враќаат на светска сцена по пропуштеното претходно СП и тоа со амбиции да се замешаат во борбата за медали по одличниот настап на ЛОИ 2021 во Токио. Тие во прелиминарната фаза се во група со Грузија, Венецуела и Зеленортските острови.