Прекин во Подгорица: Кошаркарите на Ц. Звезда го напуштија паркетот (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Будуќност и Црвена Звезда во полуфиналето на АБА-лигата беше прекинат во третата четвртина, откако кошаркарите на српскиот тим го напуштија паркетот по инцидентот со навивачите.

Атмосферата беше пеколна во салата „Морача“, а посебно по дуелот меѓу Кенан и Танасковиќ, кога почнаа да летаат предмети од трибините на теренот.

Кошаркарите на Ц. Звезда веднаш го напуштија паркетот и заминаа во соблекувална, а по нив тргнаа и судиите, па така дуелот беше прекинат при водство од 61-42 за Будуќност.