Нанали го спаси Партизан од епска бламажа – ќе има мајсторка со СЦ Дерби!

Џејмс Нанали го извлече Партизан и го спаси од епска бламажа во четвртфиналето во регионалната АБА-лига, откако со осум поени во низа во последните 90 секунди, го врати брејкот по сензацијата во Белград и сега мајсторка во српската престолнина ќе решава за патникот во полуфиналето против Студентски Центар Дерби, по вечерашната тесна победа на црно-белите со 81-79.

Нанали даде две тројки во осумте поени, сите за Партизан во завршните 90 секунди, меѓу нив и тројката на шест секунди пред крајот за да ја завери победата, откако три напади пропуштија Црногорците по 73-73, а Ивишиќ пропушти шанса да погоди „пенал“ за израмнување (77-78) пред Американецот на Партизан да ја даде клучната тројка.

Партизан беше на раб на бездната и пред голема бламажа зашто константно бркаше негатива во три четвртини, а СЦ Дерби имаше најголеми плус седум (47-40) во 22-та минута, па имаа и плус шест по две минути во последната четвртина, но црногорскиот тим не издржа за да направи комплетно чудо.

Нанали заврши со 23 поени и четири скока, а Данте Ексум беше најефикасен со 24 поени, додека Флечер Меги со 15 поени беше најефикасен кај СЦ Дерби, додека Ивишиќ додаде 12.

Мајсторката во Белград е во понеделник од 20 часот во „Штарк Арена“, а победникот ќе се судри со Цедевита Олимпија во полуфиналето. Ц. Звезда веќе води со 1-0 во серијата против Будуќност во второто полуфинале.