Лудница: Партизан продаде 11.000 сезонски билети пред продажбата воопшто да почне!

Средбите на кошаркарите на Партизан и во следната сезона ќе бидат спектакуларни со полни трибини, откако клубот соопшти дека 96-отсто од навивачите ги обновиле сезонските билети за средбите кои ќе ги играат во „Штарк Арената“ во Белград, која собира нешто над 20.000 љубители на спортот.

Тоа значи дека досега се резервирани 11.089 билети, додека слободната продажба се уште не е ни започната. Партизан минатата сезона продаде 11.500 сезонски билети, а сега тој рекорд речиси сигурно ќе биде соборен. Слободната продажба на сезонските билети започнува утре (петок), а претседателот на црно-белите, Остоја Мијаиловиќ, најави дека ќе бидат пуштени 15.000 сезонски билети, но оваа информација засега не е официјално потврдена.

Партизан сезоната ќе ја почне на 2 октомври кога во АБА лигата ќе го пречека Морнар, додека во Евролигата во првото коло ќе му гостува на Макаби Тел Авив.