Хаос во Пиреја: Јанакопулос исфрлен од салата уште пред да почне мечот! (ВИДЕО)

Вториот натпревар од финалето во грчкиот плеј-оф меѓу Олимпијакос и Панатинаикос не ни почна, а газдата на гостите, проблематичниот Јанакопулос беше исфрлен од салата.

Димитриос Јанакопулос беше исфрлен од салата бидејќи уште на загревањето влезе во жесток вербален дуел со навивачите на Олимпијакос од првите редови.

Реакцијата на обезбедувањето спречи сопственикот на Панатинаикос да влезе и во физичка пресметка со фановите на домашниот тим.

Панатинаикос го доби првиот меч од финалната серија, денеска се игра вториот дуел. Победникот ќе биде оној кој ќе стигне до три победи.