Неверојатно: Првиот пик во НБА ќе заработува двојно помалку од „аматерската“ НЦАА!
Младиот Американец, кој веќе беше под лупа на јавноста пред доаѓањето во НБА, важи за еден од најголемите таленти на својата генерација, па дури и во последната деценија. „Телињата“ дојдоа до првиот пик на драфтот со само 1,8-отсто шанси пред извлекувањето, што предизвика сомнежи кај дел од јавноста за регуларноста. Сепак, тимот не го пропушти подарокот и веднаш го избра потенцијалниот наследник на клупските легенди како Дирк Новицки и Лука Дончиќ.
Флег зад себе има извонредна сезона во аматерската НЦАА лига, каде што настапуваше за Универзитетот Дјук, со просек од 19,2 поени, 7,5 скокови и 4,2 асистенции по натпревар. И покрај неговите индивидуални успеси, тимот не успеа да стигне до титула, откако беа елиминирани од Хјустон во полуфиналето. Роден во малото место Мејн, со само 3.000 жители, вниманието на јавноста на јавноста го привлече уште лани кога како тинејџер тренираше со сениорската репрезентација на САД за Олимписките игри – и без проблем се носеше со НБА ѕвезди. Со висина од 207 сантиметри, огромна кошаркарска интелигенција и способност да игра на речиси сите позиции, тој претставува пример за модерен кошаркар.
Иако постоеше можност да остане уште една сезона на колеџ поради приходите од НИЛ (договори што им овозможуваат на студенти-атлети да заработуваат од својот имиџ), Флег сепак се одлучи за НБА драфт. Тој во Дјук од овие договори заработи 28 милиони долари, што е двојно повеќе од загарантираната плата за првите две сезони во НБА, која ќе му изнесува 14 милиони долари по сезона.
Доколку неговата кариера продолжи во посакуваната насока, Флег ќе има можност по четири години да потпише супермакс-договор со Маверикс, што би му ја добил првата посериозна сума како плата.
ФОТО: X / @Laf4MVP_