Несреќниот Хејворд им се обрати на фановите, салата се затресе од емоција (ВИДЕО)

Гордон Хејворд е жртва е една од најлошите повреди во светот на спортот, барем на изглед, во последниве години и нема кој не сочувствуваше со него и не му пружи поддршка. По голготата тој се јави на големиот екран среде „ТД-гарден“ и ја преплави со емоција целата сала.

Пред да почне натпреварот Бостон - Милвоки, синоќа „ТД-гарден“ згрме од емоција за една минута, кога го пуштија видео-обраќањето на Хејворд од болница.

„Здраво на сите, ви благодарам што ме мислите и што се молите за мене. Ќе бидам добро. Многу ме боли што не можам да бидам таму, за првиот домашен натпревар. Ништо не сакам повеќе од тоа сега да сум со моите соиграчи и да зачекорам по паркетот. Ќе ве поддржувам одовде и ви посакувам среќа“, рече Хејворд, а публиката еруптираше од коктел чувства и жалење и тага и среќа што тој почнал да го враќа оптимизмот.

 

A post shared by Bleacher Report (@bleacherreport) on

Хејворд се повреди на мечот со Кливленд, во средата, при еден доскок и дуел со Леброн Џејмс. Заработи дислокација на скочниот зглоб и скршеница на тибијата на левата нога, што беше тешко за гледање и сигурно, крајно болно. Предвидувањата се дека, можеби, би се вратил на пролет, тамам за плејофот, ако Бостон успее да стигне таму.