„Ќе ги исклучиме климите во Мајами, Денвер ќе мора да игра на 30 степени“ (ВИДЕО)

Вечерва почнува големото финале во НБА-лигата, серијата подобар до четири меѓу Денвер и Мајами, а за нијанса привилигирани се Нагетс, затоа што ќе имаат преднот на домашен терен.

Тоа значи дека серијата ќе почне кај нив, а ако се дојде до решавачки седми натпревар и ќе заврши, па оттука тимот на Мајами веќе се адаптира во Колорадо за првите две средби, ноќеска и ноќта недела кон понеделник.

Сепак, Колорадо е една од понезгодните држави за гостување, а градот Денвер се наоѓа на надморска височниа од 1.600 метри, па на прес-конференцијата пред натпреварот, тренерот на Мајами, Ерик Сполстра, беше прашан дали ќе претставува проблем за неговите играчи физичкиот напор на повисоко.

„Нема да се занимаваме со тоа. Нашите момци се во одлична форма и подготвени се да се надигруваат. Ако сака Денвер да играме на врвот на Монт Еверест ќе го направиме и тоа. Ова ќе биде решено на терен. Но, ако сакате така, тогаш и Денвер ќе треба да дојде еднаш во Мајами, а ние можеме да ги исклучиме климатизерите, па нека играат на влажност од 30 степени“, рече Сполстра.