И тренерот на Денвер се изнервира: НБА треба да го истражи Ембид

Неиграњето на Жоел Ембид против Денвер Нагетс повторно е тема на денот во НБА лигата, пред се бидејќи неговото присуство беше најавено пред десетина дена кога Филаделфија го пречека тимот од Колорадо.

За противничкиот центар зборуваше и тренерот и Денвер, Мајк Мелоун на прес-конференцијата по натпреварот.

„Чувствувам дека дојде до разочарување кај играчите кога дознаа дека Ембид нема да игра. Дојде на клупата на само две минути пред крајот на загревањето, а јас морав да им кажувам на моите момци да играат исто како да е тука. Среќен сум поради тоа што дојдовме до победата.

Не знам како може за толку кратко време да се дојде од состојба да бидеш активен, достапен, до тоа да не играш. Сигурен сум дека лигата ќе направи се што треба и ќе го истражи ова бидејќи доаѓаат критики“, изјави Мелоун.

Ембид не играл против Денвер во Бол арената од ноември 2019 година и неговото отсуство веќе стана симптоматично за сите во лигата.