Хаос во НБА: Дурент избркан од сала и тоа - среде натпревар (ВИДЕО)

Нереалани сцени беа видени на синоќешната пресметка помеѓу Бруклин нетс и Торонто репторс (117-123), откако најголемата ѕвезда на „мрежичките“, Кевин Дурент, буквално беше избркан од теренот среде натпреварот, откако се дозна дека бил во контакт со лице позитивно на коронавирусот.

Хаосот беше најавен уште пред средбата, кога на Дурент прво му беше забрането да го почне натпреварот, па потоа доби „зелено светло“, за на крај да биде отстранет од паркетот за време на дуелот. Причина за ваквото однесување на официјалните лица е чекањето да видат дали лицето со кое ѕвездата на Бруклин била во контакт е и потврдено заразено со Ковид-19, што се случи на полувремето од натпреварот.

„Дурент може да ја почне средбата, бидејќи до тој момент сѐ уште не беше познато дали неговиот контакт е позитивен. Според здравствените правила, играчит не мора да биде во карантин сѐ додека не биде официјален тестот на лицето со кое било заедно“, соопштија од НБА.

Реакцијата на Дурент кога дозна дека мора да си замине беше бесценета и фатена на камерите. Тој во последните 24 часа имал дури три негативни теста на коронавирусот, но ниту тоа не беше доволно за да остане со тимот. Кошаркарот побесне по ваквата одлука на НБА, поради што веднаш потоа на Твитер објави статус со зборовите „ослободете ме“.

„Мрежичките“ без него во тимот не успеаја да го скршат отпорот на претпоследниот шампион, а Дурент додека не беше избркан одигра 19 минути со осум поени. Сиакам со 33 и Лаури со 30 поени беа најпрецизни кај „репторси“, додека најпрецизен кај Бруклин беше Херис со 19 поени.