Драма во Орландо – НБА шампионот неочекувано клекнат на колена (ВИДЕО)

Кошаркарите на Орландо меџик направија изненадување со победа во синоќешната пресметка на домашен терен против Бостон селтикс (95-93), со што го намалија вкупниот резултат во серијата (1-2) во првата рунда од НБА плејофот.

Иако многумина очекуваа лесна „метла“ од страна на актуелниот првак, „магичните“ покажаа борбен дух и одбија да се предадат. Клучен момент беше во последните минути, кога Франц Вагнер постигна две коша по ред и му ја донесе победата на својот тим. Тој мечот го заврши со 32 поени, а Паоло Банкеро додаде 29. Двоцифрен беше и Вендeл Картер со 10 поени. Кај Бостон, Џејсон Тејтум постигна импресивни 36 поени, додека Џејлен Браун и Дерик Вајт постигнаа по 16.

Исто така ноќеска, Милвоки бакс ја намали негативата во серијата (1-2) со триумф во третата пресметка со Индијана Пејсерс (117-101). „Елените“ блеснаа во второто полувреме и направија пресврт против Индијана. Јанис Адетокумбо и Гери Трент беа незапирливи со по 37 поени, додека Грин (12) и Портис (10) исто така имаа добар учинок. На спротивната страна, Паскал Сијакам беше најдобар кај Индијана со 28 поени, додека Несмит (17), Халибертон (14) и Топин (10) се обидоа да одржат чекор. Клучна беше третата четвртина, во која Милвоки ја надомести разликата од 10 поени и го презеде водството, добивајќи го тој дел од играта со 39-18.

И следниот меч се игра повторно во Милвоки и тоа во понеделник рано наутро 93.30 часот), кога Бакси ќе имаат шанса да израмнат во победи.