
Дончиќ и со една нога ја сруши Оклахома – патем јадеше ќотек од кого стигне (ВИДЕО)
Традиционално, еден од најдобрите и најзаслужните беше Лука Дончиќ, кој оствари моќен дабл-дабл со со 22 поени и 15 скока, на кои додаде пет асистенции и две украдени топки. Главната приказна е што сето ова го направи практично на едната нога, бидејќи се уште игра со повредата на десното колено, која го мачеше и на овој натпревар. Словенецот едвај стоеше на нозе на крајот од мечот, а кошаркарите на Оклахома поради неговата повреда беа преагресивни при секој негов продор. Но и покрај ќотекот што го „изеде“, Дончиќ ги постигна одлучувачките слободни фрлања, непосредно пред украдената топка, која го промени текот на натпреварот.
Првото полувреме донесе голема резултатска клацкалка, а на почетокот на второто „громовите“ се одлепи со серија од 11-0, но брзо паднаа и му дозволија на Далас да постигне 15 врзани поени и да го врати моментумот на своја страна. Следуваше финиш, кој изобилуваше со драма, но на крајот Далас беше поконцентриран и славеше на овој меч.
Најефикасен кај „телињата“ беше Пи-Џеј Вашингтон со 27 поени, додека голем удел во триумфот имаше и Кајри Ирвинг со 22 поени. Шај Гилиус-Александер ја предводеше Оклахома со 31 поен.
Следниот четврти меч ќе се одигра задутре исто така во Далас.