
Матиќ: Иако имаме висока предност, ќе играме како да е 0-0 од првиот меч
Нашиот тим замина за Сан Марино со предност од 3-0, но никој во таборот не размислува за тоа и сите се подготвени да одиграат уште еден силен натпревар со кој ќе го потврдат пласманот во следната фаза. Тоа го потенцира и дефанзивецот Мислав Матиќ кој дојде Вардар на почетокот на оваа календарска година.
„Одработивме еден тренинг, се чувствуваме добро и мислам дека се подготвени за реванш дуелот против Ла Фиорита. Не размислуваме на првиот меч, иако имаме висока предност, ќе почнеме како да е 0-0 и ќе пристапиме подеднакво како на натпреварот на домашен терен. Денес нема ништо сигурно, па и таа наша предност не гарантира ништо и затоа треба да одиграме максимално одговорно да влеземе во дуелот. Не размислуваме за она што следува во второто коло, мора да одиме чекор по чекор“, вели хрватскиот стопер.
Реванш дуелот меѓу Ла Фиорита и Вардар се игра утре од 21 часот во Сан Марино.