На кого му треба Мбапе: Валверде вечерва чуда прави Мадрид! (ВИДЕО)
Реал Мадрид допатува со големи проблеми, во нападот го нема и Килијан Мбапе, но тоа вечерва како да беше мотив за Уругваецот од средниот ред.
Валверде три гола против англискиот гигант постигна во период од само 22 минути што сигурно е еден од најбрзите хет-трикови во Лигата на шампионите. Резултатот го отвори во 20-тата, вторпат погоди во 27-та, а третиот гол го постигна пред паузата во 42-та минута.