Македонската женска подмладена репрезентација денеска претрпе убедлив пораз на гости кај Данска од 125-57.

Против Данска во Скопје ја остваривме единствената победа, меѓутоа за овој дуел ситуацијата беше поинаква бидејќи селекторот Ашаданов не можеше да смета на неколку важни кошаркарки, меѓу кои и Анџелика Митрашиновиќ.

Во таква ситуација домаќинот доминираше од почетокт на средбата, а нашата подмладена селекција не успеа да се врати во дуелот откако на полувремето веќе губевме со над 20 поени (56-33).

Сликата не се промени и во продолжение разликата стануваше само поголема, па така прашање беше само конечниот резултат. Најефикасна кај нас беше Мерит ХЈемпе со 27 поени, а двоцифрена беше само уште Селчова која средбата ја заврши со десет постигнати поени.

Македонија по три натпревари во групата во која што се уште Грција, Хрватска и Данска има биланс од две победи и пораз.