Партизан во финишот го скрши Виртус за десетта победа во Евролигата
Натпреварот донесе неизвесна борба, а Партизан на одмор замина со предност, но од само четири поени 52-48. Домаќините не дозволуваа на српскиот тим да направи некоја поголема разлика и констатно беа блиску.
Во последните пет минути Партизан влезе со предност од само два поени (74-72), меѓутоа тука направија кратка серија со која побегнаа на „плус осум“ што беше клучно за триумфот. Најдобар во редовите на „црно-белите“ беше Карлинг Џонс со 19 поени, а ист број поени кај Виртус постигна Карсен Едвардс.
Партизан во следното коло по овој десетти триумф во сезоната го чека дуел со Дубаи, додека Италијанците одат на меч со Хапоел Тел Авив.