Aрсенал со гол од соминителен пенал се извлече во Леверкузен (ВИДЕО)
Домашниот состав беше за нијанса подобар противник на теренот беше и поблиску до победата, меѓутоа на крајот не успеаја да го задржат водството.
Арсенал имаше поголем посед на топката, но Леверкузен создаде повеќе прилики за гол. Мрежите во првиот дел мируваа, а резултатот беше отворен на статрот од вториот дел кога погоди Ендрих.
Тој резултат беше актуелен се до самата завршница, кога по еден продор на Нони Мадуеке, турскиот судија Мелер покажа на белата точка. Ситуацијата беше спорна, се прегледуваше во ВАР собата, а на крајот сепак пеналот беше потврден.
This is a big dive from madueke. #LEVARS pic.twitter.com/L3atjAoROR
— City’s Doctrine (@CityDoctrine) March 11, 2026
Најстрогата казна во гол ја претвори екс-фудбалер на Леверкузен, Каи Хаверц, па така Арсенал не дозволи да брка негатива во реваншот на свој терен.