Куртоа како Пирло: Му асистираше на Валверде од 60 метри, Реал води! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид во дербито на вечерта во Лигата на шампионите стигнаа до водство по 20 минути игра со голот на Федерико Валверде.

Валверде беше човекот кој го совлада Донарума, меѓутоа огромни заслуги за овој погодок има и Тибо Куртоа кој маестрално го пронајде својот соиграч и се запиша во листата на асистенти.