Јакимовски и Тренто по продолженија до осминафинале во Еврокупот

Aндреј Јакимовски со својот Тренто славеше важна победа над Венеција по продолженија со 94-90 со која се пласираа во осминафиналето од Еврокупот.

Италијанците одиграа еден израмнет дуел од почетокто до крајот, но веројатно поголемата концентрација во клучните моменти беше пресудна да се радуваат Јакимовски и друштвото.

Јакимовски свој придонес во екипата на Тренто имаше со шест постигнати поени и девет скока, додека најефикасен беше неговиот соиграч Џонс кој одигра фантастичен натпревар со 38 поени. На спротивната страна се издвои Вилтјер со 16.

Противникот на Тренто во четвртфиналето е веќе познат и тоа ќе биде турски Бешикташ.