
Атланта со чудесна акција за четири секунди го реши Торонто, нова победа и за Јута (ВИДЕО)
Гостите од Канада на 3,8 секунди до крајот го изедначија резултатот од линијата за слободни фрлања (122-122), но одиграа ужасно лошо во одбраната, што „јастребите“ го искористија па со молневита акција поентираа буквално сами под противничкиот кош. Кошаркаркарите на Торонто долго останаа на паркетот да се гледаат, без да им биде јасно што всушност се случи на паркетот. Тре Јанг со 33 поени и 12 асистенции беше најдобар кај победничкиот тим, а токму тој го имаше додавањето за победничките поени на Атланта.
Екипата на Јута џез остана најдобра во Западната конкуренција, откако во дуелот кај Портланд трејлблејзерс (118-113) дојде до скор 12-6 за да биде предводник на можеби најизедначената група тимови. Во моментов на Западот седумте првопласирани тима имаат по шест порази, а уште две се веднаш до нив со еден неуспех повеќе.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Орландо 114-113, Филаделфија – Минесота 109-112 и Сан Антонио – ЛА Клиперс 119-97.