Зенит подобар во дербито од Баерн Минхен, Фенербахче го понижи Уникс Казан

Зенит Санкт Петербург со пресврт беше подобар од Баерн Минхен со 79-71 во четвртото коло од кошаркарската Евролига, додека Фенербахче запиша висок триумф против Уникс Казан од 80-41.

Рускиот гигант го отвори мечот со 31-16 во првата четвртина, додека на полувреме имаше 43-33. Сепак, во вториот дел нивната предност почна да се топи и блесна германската екипа, која направи целосен пресврт и поведе со 60-54.

По што мечот се решаваше во последната четвртина, каде што беше подобар Зенит и го доби натпреварот со 79-71 за трет триумф оваа сезона во Евролигата.

Најефикасен беше Хилард од Баерн со 24 поени, додека Џордан Мики постигна 18 поени за Зенит.

Фенербахче го понижи нивниот ривал и ја оправда фаворитската улога, откако Уникс Казан во првата четвртина постигна осум поени, а во третата само пет и беше јасно дека нема што повеќе да бараат од натпреварот.

На останатите два меча, Алба Берлин загуби од Басконија со 76-80, додека Макаби Тел Авив го совлада Лион со 93-85.