Зенит го распарчи Панатинаикос и избори место во плејофот на Евролигата

Зенит славеше во последното коло од регуларниот дел во Евролигата против Панатинаикос со убедливи 112-83 и обезбеди место во плејофот на елитната кошаркарска лига.

Грчкиот тим се држеше во првата четвртина, која му припадна на Зенит со 26-22, а водството на рускиот гигант се зголеми на 47-40 на паузата.

Панатинаикос повеќе немаше сила да се врати во натпреварот, па Зенит ја презема контролата во свои раце и како минуваше времето, така го полнеше кошот на ривалот до конечни 112-83.

Пангост постигна 33 поени за екипата на Зенит, додека Недовиќ даде 20 поени за грчкиот тим.