Познати сите учесници на фајнлфорот во Евролигата

Шпанска Барселона и италијанска Олимпија Милано се последните два учесници на завршниот фајнлфор во кошаркарската Евролига, со што се комплетираше најдобрата четворка за оваа сезона, која ќе се бори за тронот во „Ланксенс Арената“ во Келн на крајот на месецов.

Барса и Милано им се придружија на Анадолу Ефес, кој денеска во мајсторката го елиминира Реал Мадрид, а прв учесник од претходно беше московска ЦСКА.

Во последните две мајсторки, Барселона го распарчи Зенит за трета победа во четвртфиналниот двомеч, славејќи со 79-53, во мечот во кој Русите се држеа некако до полувреме, а потоа немаа одговор на шутерски расположените Каталонци кои буквално ги прегазија во вториот дел.

Хигинс со 15 поени ја предводеше Барса, Калатес даде 12, а Дејвис и Куриќ по 11 поени, додека на другата страна само Појтрес беше двоцифрен со 11 поени.

Миланска Олимпија предводена од Шилд со 34 поени во извонреден меч го победи Баерн со 92-89 во мајсторката за да обезбеди пласман на фајнлфорот. Рејнолдс со 19 поени и 10 скока и Болдвин со 17 поени беа најдобри поединци кај Баерн, но недоволно за да го однесат овој тим во Келн.