Панатинаикос ги продаде сите влезници за „мајсторката“ со Ефес за само четири часа

Панатинаикос не остава ништо на случајот и во вторник ќе направи се што е потребно за да дојде до победа во „мајсторката“ против Анадолу Ефес.

Резултатот во серијата е 2-2 и победникот од петтиот меч ќе се пласира на завршниот турнир во Абу Даби. Иако доцна синоќа беше познато дека ќе се игра „мајсторка“, Панатинаикос за рекордно време продаде околу 15 илјади влезници за следниот дуел.

„За четири часа, преку ноќ, распродадени се сите влезници за претстојниот петти натпревар против Анадолу Ефес. Бидете погласни од кога било порано, направете да биде легендарно“, објави Панатинаикос.

Анадолу Ефес веќе еднаш победи во Атина во оваа серија и секако има квалитет да му се спротивстави на актуелниот европски шампион. Што се однесува до ПАО, во слична ситуација беше и лани против Макаби, но успеа да победи во „мајсторката“ со 81-72 и подоцна да ја освои титулата во Берлин.