
Мициќ на две секунди пред крај ѝ пресуди на Црвена Звезда
Турската екипа доминантно ја доби првата четвртина со 10 поени разлика (31-21), но Ц. Звезда потоа се врати во игра, па дури направи и пресврт за водство од 46-43 на полувреме.
Ц. Звезда ја имаше контролата врз натпреварот и во текот на третата четвртина, а нивната предност достигна девет поени (62-53), по што Ефес во самата завршница, односно на две секунди пред крајот преку Мициќ успеа да го запише деветтиот триумф во Евролигата.
Мициќ постигна 21 поен за победничката екипа, додека најдобар кај Ц. Звезда беше Калиниќ со 20 поени, два скока и пет асистенции.