Лесор ги навреди Звезда и навивачите, Евролига му ја тргна изјавата

Центарот на Панатинаикос, Матијас Лесор беше во центарот на вниманието на синоќешниот натпревар против Црвена Звезда и поради антагонизмот меѓу него и навивачите на домашниот тим и поради неговото одлично издание против клубот во кој настапуваше во минатото.

Фановите на Звезда не пропуштија прилика да го навредуваат од почеток до крај, но последниот збор и тоа пред камерите го имаше Французинот.

„На теренот беше џунгла. Имаше некои зебри, делфини, мајмуни и пони. Ова е голема победа, важна победа за мојот тим“, рече Лесор.

Неговата изјава е провокација, односно навреда за противничките навивачи и за Црвена Звезда бидејќи „зебри, делфини, мајмуни и пони“ е всушност алузија на „Звезда да ми ја понудат“ (навредлива песна од „Гробари“ за лутиот ривал). Од Евролига на почетокот не го сфатија тоа, па изјавата беше ставена на официјалните профили на социјалните мрежи. Подоцна веројатно некој објаснил што значи тоа и видеото во текот на ноќта е повлечено.