Газдата на Панатинаикос пак дивееше: Евролига е мртва, ќе играме во НБА или во ФИБА!
„Играјте сами во Евролигата. Ќе одиме во НБА или кај ФИБА“, изјави Јанакопулос на својот Инстаграм профил, незадоволен од судењето по драматичниот пораз во Атина, со кој турскиот тим изедначи на 1-1 во серијата.
Бесен поради одлуките на арбитрите, првиот човек на грчкиот гигант директно ги прозва судиите.
„Радовиќ, Белошевиќ, Јавор, Пукл, Николиќ, Хордов... Сите вие. Ќе ве уништам. Тоа го направив минатата година, ќе го направам повторно“, рече тој.
Критиките не застанаа тука. Јанакопулос ја нападна и општата политика на Евролигата и нејзиниот поранешен прв човек, Жорди Бертомеу.
„Разбирам што се случува веќе 15 години. Знам што правеше Жорди со парите од Евролигата. Време е да се разбудите. Не ми е гајле за казните“, порача тој.
Грчкиот бизнисмен исто така се запраша зошто одредени судии добиваат толку многу натпревари, особено во на градскиот ривал.
„Објаснете ми зошто Пукл толку често му суди на Олимпијакос? Зошто Радовиќ? Проверете ја статистиката. Дури и глупав човек ќе разбере што се случува“, додаде Јанакопулос.
Својата изјава ја заврши со силна порака.
„Не сме слаби. Посилни сме од сите вас заедно. Ако сакате мој потпис за следните 10 години – нема да го добиете. Ќе најдеме друг пат“, заврши Јанакопулос.