ТФТ Скопје во драматична завршница славеше против Феникс 2010 со 79-75 за седма победа во македонската кошаркарска Прва лига.

Натпреварот имаше израмнет почеток и екипите не успеваа да создадат повисока разлика, па така по првите 10 минути Феникс водеше со 21-20. ТФТ до полувреме го сврте резултатот во своја корист и замина на паузата со 39-34.

ТФТ имаше подобар старт на второто полувреме, но Феникс набрзо влезе во ритам и израмни на 61-61 пред последната четвртина од средбата, каде што се водеше голма борба, а во финишот гостинскиот тим славеше со 79-75.

Најефикасен во победничкиот тим беше Луис со 17 поени, четири скокови и две асистенции, додека Метјус постигна 23 поени, пет скокови и две асистенции за Феникс 2010.