
Работнички се засили со центар кој едвај останал жив по брутално тепање на Кипар!
Нови членови на центарци се канадскиот интернационалец Џулијан Рош (27 год, 211 см) и Американецот Кори Мениго (26 год, 206 см), кои ќе имаат тешка задача да обезбедат доминација во играта во рекетот. Рош доаѓа од грчкиот Ниар Ист каде настапувал до минатата недела, со просек од 11,9 поени, 9,7 скока и индекс 19,3. Мениго играл во Израел, во тимот на Отеф Даром за кого настапил на пет меча до почетокот на 2025 година. Тој има долго искуство во странство бидејќи освен во Израел, настапувал уште во Бугарија, Кипар, Чешка, Германија, Либан, Литванија, Мексико, Катар и Тунис.
Интересна е приказната на Мениго, кој зад себе има непријатно искуство како кошаркар на кипарски Протеас, каде што во 2021 година бил брутално претепан пред ноќен клуб и тоа со удари со тврди предмети во глава. Тежината на повредите била голема, поради што минал 11 дена на интензивна нега и тоа во вештачка кома, додека лекарите се бореле за неговиот живот. Петмина биле уапсени за нападот врз него, но набрзо тие биле ослободени од полицијата.
Рош, пак, се борел со преголемиот број килограми, откако за време на пандемијата со коронавирусот дошол до тежиба од речиси 150 килограми. По две години напорна борба со дебелината, тој ослабел 35 килограми и дошол до тело какво што им требало на тренерите во СФУ Универзитетот во Канада.
Рош и Мениго би требало да дебитираат за Работнички претстојниот викенд, на дуелот против Тиквеш, во 18. коло од Првата лига.