МЗТ дури во финишот го скрши отпорот на жилавиот Феникс!
Аеродромци далеку потешко од очекувањата дојдоа до бодовите во пресметката со соседот од „Јане Сандански“, кој три четвртини не само што се држеше во игра туку и често беше во водство. Шампионот клучната предност ја направи во финишот од третата и почетокот од последната четвртина, кога со серија 11-2 дојдоа до највисоките плус 11 (63-52), кои им обезбедија мирен финиш и сигурна победа.
Војдан Стојановски со 20 поени беше единствениот двоцифрен кошаркар во таборот на МЗТ Скопје, каде што зад него беа Андреј Андоновски и Ејасу Ворку со по девет поени. Андреј Митревски и Џозеф Рис со по 19 поени беа најпрецизни кај Феникс.
Останатите пет средби од 7. коло ќе се одиграа в сабота, а силите ќе ги одмерат Гостивар и Чаир 2030, Академија ФМП и Работнички, Кожув и Вардар, пелистер и ТФТ како и Еуро Никел и ГКК Охрид.