Освен што се одлични кошаркари, членовите на Блокотехна покажаа и дека имаат големо срце и тоа на денешната дружба со децата со посебни потреби од центарот „Мајка Тереза“ од Гевгелија.

Најпријатното изненадување во домашниот шампионат беа одлични домаќини на дечињата кои уживаа во можноста да се дружат и поиграат со избраниците на тренерот Марјан Илиевски. Ова воедно беше одлична можност за покажување на хуманоста на сите од таборот на Блокотехна и тоа преку враќање на заедницата од каде што гравитира овој кошаркарски колектив. Претходно, пред почетокот на сезоната, овој тим одигра хуманитарна средба против Кожув од која целиот приход беше наменет за помош на семејства со помали примања од градот.

Гевгеличани во моментов се второпласирани на табелата во Првата лига, а се најдобри во досегашниот дел од регионалното натпреварување БИБЛ.