
Гевгеличани не запираат: Кожув се засили и со репрезентативец на Македонија!
Станува збор за двоец кој минатата сезона настапуваше од Куманово, а кој реши заеднички да се пресели во составот од Гевгелија.
Штерјов е искусен центар, кој летово беше дел од националниот тим на средбата против Швајцарија, а за кого ова е враќање во средината каде што настапуваше во два наврати од по две години (2012-2014 и 2015-2017). Кариерата ја почна во МЗТ Скопје, а има играно уште и за Плејмејкер Кубус и за Вардар. Караколев, пак, исто така ја почна кариерата во МЗТ Скопје, по што беше дел од екипите на Работнички, Торус, Универзитет Гоце Делчев, Лирија и на Шкупи.
Претходно, договори со гевгеличани потпишаа Србите Миладин Пековиќ и Иван Мишковиќ, Црногорецот Александар Радуловиќ, како и Даниел Нацевски, Апостоли Апостолов, Борис Шутаров и Блажо Митков.