Знамето со сонцето од Кутлеш „доминираше“ на славјето на најдобрите во Италија (ВИДЕО)
Фанот од Македонија со знамето се проби до првите редови и беше забележан на сите телевизиски снимки додека шампионот славеше со шампањско на подиумот. Навивачот со знамето дури беше испрскан со шампањско од Франческо Бањаја, кој заврши како третопласиран.
Викендот, инаку, мина целосно во знакот на Марк Маркез, кој вози за тимот на Дукати. Тој триумфираше во саботниот спринт, но и во главната трка, со што стигна до вкупно 93 победи, од кои 67 во најсилната Мото ГП класа.