Вињалес искористи грешка на Бањаја и славеше на спринтот во Португалија

Шпанскиот мотоциклист Маверик Вињалес славеше на спринтот кој се одржа пред главната трка за Големата награда на Португалија.

Вињалес искористи грешка на Франческо Бањаја на четири круга пред крајот и успеа да слави, а зад него завршија Марк Маркез и Хорхе Мартин.

Бањаја скапо плати поради грешката и заврши на четвртото место, додека зад него беше Џек Милер.