Страшен пад на Огура - му се запали и мотоциклот (ВИДЕО)

Голем број инциденти се случија на тренингот пред трката за Големата награда на Холандија, а во еден од најсериозните беше вклучен јапонскиот возач Аи Огура.

Возачот на Трекхаус загуби контрола над мотоциклот, а потоа од ударот истиот се запали, по што мораа да интервенираат редарите.