Пистата за Формула 1 во Мексико не е оштетена од катастрофалниот земјотрес

Гран-прито во Мексико во Формула 1 ќе се одржи идниот месец како и што е планирано, објавија организаторите и покрај катастрофалниот земјотрес кој пред неколку дена ја погоди оваа земја во Средна Америка.

Патеката „Ерманос Родригес“ нема никакви оштетувања покажа инспекцијата од специјализираната комисија, па Големата награда ќе се одржи на 29 октомври. Во вторникот земјотрес од 7,1 степен според Рихтер го погоди Мексико по што 49 лица загинаа, 27 згради беа срушени. Ова беше втор земјотрес, по тој три дена претхоно кога на брегот на Мексико на Тихиот океан имаше магнитуда од 8,1 степен според Рихтер и однесе 98 животи.

„Пистата беше под инспекција двапати во последните денови и проверката покажа дека нема никакви оштетувања како по трасата, така и по оградите. Ние продолжуваме да работиме по планот и истата трка ќе се води на 29 октомври“, рече Родриго Санчес, маркетинг директорот на ГН на Мексико.

Трката во Мексико е 18-та во календарот, а пред неа се три други Малезина на 1 октомври, јапонска „Сузука“ една недела подоцна и трката во САД на 22 октомври.