ФИА му го додели пехарот за новата европска титула на нашиот Иџе!

Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) вечерва во португалскиот град Брага ја одржа церемонијата на врачување на пехарите за најуспешните автомобилисти за 2023 година.

Дел од оваа манифестацијата беше нашиот Игор Стефановски – Иџе, кој го доби пехарот за шампионската титула во европскиот шампионат на ридско-брзински натпревари.

Тој беше убедливо најдобар во текот на целата сезона и се закити со уште едно престижно признание односно со третиот трофеј наменет за европскиот шампион.