Браќата Маркез издоминираа на трката во Италија

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез славеше на трката за Големата награда на Италија во Муџело, додека на втората позиција заврши неговиот брат Алекс Маркез, а место на подиумот имаше и за Фабио Ди Џанантонио.

Марк Маркез беше фантастичен на патеката и запиша уште една победа во кралската класа, додека зад себе го остави помладиот брат, а најмногу има да жали Франческо Бањаја кој остана без подиум поради неговиот сонародник Ди Џанантонио.

Повозрасниот од браќата Маркез е на првата позиција во генералниот пласман со 270 бодови, односно 40 повеќе од Алекс, додека трет е Бањаја со 160 поени.

Фото: EPA PHOTO