Украина остана без осминафинале и испиша историја на ЕП

Репрезентацијата на Украина ја заврши групната фаза со четири бодови, но и покрај тоа остана без осминафинале на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Украина ремизира во последното коло против Белгија и така стана првата селекција во историјата на ЕП која освоила четири бода, а не ја поминала групата.

Од групата Е во осминафинале се пласираа Романија, Белгија и Словачка.