Интер се засилува со голман од 15 милиони евра

Швајцарецот Јан Зомер бранеше во одлична форма изминатата сезона, но и покрај тоа во Интер одлучиле да доведат нов чувар мрежата.

Имено, според последните информации од Италија, „нероаѕурите“ наскоро ќе го потврдат трансферот на Јосеп Мартинез.

Мартинез во изминатата сезона го бранеше голот на Џенова која од овој трансфер ако се реализира би требало да добие околу 15 милиони евра.

Италијанските медиуми тврдат дека се е договорено и во текот на следната недела голманот треба да ги помине медицинските прегледи и се да биде официјализирано.