Белингам пред суспензија поради срамниот гест кон Словаците (ВИДЕО)

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам беше херој на неговата селекција откако со „ножички“ постигна гол против Словачка и обезбеди продолженија во кои стрелаше и неговиот сонародник Хари Кејн за победа од 2-1.

Белингам, сепак, би можел да го пропушти натпреварот против Швајцарија во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП) поради срамен потег кон Словаците.

Ѕвездата на Реал Мадрид во еден момент им го покажа меѓуножјето на навивачите на Словачка, па поради тоа е отворена истрага која може да му донесе еден меч суспензија на Англичанецот.