Брони по потписот со Лејкерс: Чувствувам притисок цел живот, но ќе се изборам!

Брони Џејмс, синот на легендарниот американски кошаркар Леброн Џејмс, следната сезона ќе го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс.

Лејкерс го избра Брони, кој ќе заигра со неговиот татко на паркетот, но многумина сметаат дека нема квалитет да игра во НБА-лигата.

„Сигурен сум дека ќе постои одреден притисок. Веќе имав можност да видам како ме оспоруваат на социјалните мрежи. Но, јас се соочувам со такво нешто цел живот, ова не е ништо ново. Ќе се изборам со притисокот“, кажа Брони.