Јувентус се засили со голман кој имаше најмногу одбрани во Серија А

Поранешниот италијански шампион Јувентус ја засили конкуренцијата меѓу стативите, откако денеска потпиша договор со 26-годишниот Микеле Ди Грегорио.

Ди Грегорио имаше најголем број одбрани минатата сезона во Серија А, односно 127 интервенции на 33 натпревари.

Талентираниот голман доаѓа во Јувентус на позајмица вредна 4,5 милиони евра, со обврска да биде откупен неговиот договор на крајот на следната сезона за 13,5 милиони евра плус два милиони во бонуси.