Мурињо одмора од фудбалот и им дава поддршка на кошаркарите на Фенербахче

Португалскиот тренер Жозе Мурињо реши да одмори од фудбалот и да посети натпревари на кошаркарскиот тим на Фенербахче.

Мурињо беше забележан на натпреварот меѓу Фенербахче и Олимпијакос во првото коло од кошаркарската Евролига.

Португалецот има солидни резултати со Фенербахче на почетокот на сезоната, односно по седум одиграни кола се наоѓа на второто место со 16 бодови, односно три помалку од Галатасарај.