Вардар „на мускули“ го реши Пролет за петти триумф во Суперлигата
Вардар се мачеше од самиот почеток против незгодниот Пролет, кој во 10. минута водеше со 4-3, но до паузата „црвено-црните“ го свртеа мечот во своја корист и на паузата заминаа со 16-15.
Пролет даваше отпор и во второто полувреме, односно не му дозволи на Вардар да избега на посериозна разлика. Бившиот европски првак конечно го скрши отпорот на гостинот во завршницата на мечот кога поведе со 26-22, а на крајот триумфира со 28-25.
Најдобри во победничкиот тим беа Милан Лазаревски и Марко Срдановиќ со по седум голови, додека Андреј Стојановски постигна седум погодоци за Пролет.