Барселона мора да „жртвува“ еден фудбалер за да го регистрира Олмо

Каталонскиот гигант Барселона има проблеми со регистрацијата на Дани Олмо, а раководството на тимот е свесно дека мора да продадат некој од фудбалерите за да го решат проблемот.

Олмо пристигна во Барселона пред почетокот на сезоната за 60 милиони евра, но каталонскиот тим веднаш се соочи со проблеми.

Среќа во несреќа за Олмо беше повредата на Кристенсен, па тоа ја отвори вратата на Барселона да го регистрира Шпанецот.

Меѓутоа таа регистрација важеше само до крајот на годината и од јануари Олмо нема право да игра за Барселона.

Барселона бара ново решение, а едно од нив е да го „жртвува“ Ерик Гарсија и да го продаде за 25 милиони евра.