Погба по пресудата за неговиот брат: Нема победник во овој случај

Пред неколку дена Судот му изрече затворска казна на братот на Пол Погба, Матијас кој беше осуден поради изнуда.

Матијас доби тригодишна затворска казна, а коментар за пресудата даде и Погба.

„Конечно можам да свртам нов лист по овој болен период. Нема победник во овој случај кој вклучува членови на моето семејство и луѓе кои ги познавам од детството“, кажа Погба.